
Ќе ви треба:
500 г компири
2 белки
зачини по вкус
хартија за печење
Подготовка:
Измијте ги компирите, излупете ги и исечете ги на тенки стапчиња. Изматете ги белките со вилушка, која можете да ја посолите или да додадете зачини по ваш вкус. Прво потопете ги компирите во белките, а потоа наредете ги на хартија за печење. Печете ги вака подготвените помфрити во претходно загреана рерна на 220 степени додека не поруменат.