
Во текот на жешките летни денови, парчињата ладна лубеница се особено освежителни, а со додавање на една состојка, можат да станат уште послатки.
Имено, нејзината сладост и сочност ја прават совршената комбинација што ја гаси жедта и го лади телото. Освен што е вкусна, лубеницата е и здрава – содржи многу вода и малку калории, што ја прави идеален избор за оние кои внимаваат на исхраната.
Сепак, ако случајно купите лубеница што не е доволно слатка, можете да го решите тој проблем со помош на една неочекувана состојка – сол.
Додавањето сол може да помогне да се истакне природната сладост на лубеницата. Незрелата или помалку вкусна лубеница често има мала горчина, а солта помага да се неутрализира таа горчина и да се нагласи слаткиот вкус.
Солта, исто така, ја подобрува текстурата на лубеницата – мало посипување сол ја поттикнува водата, која ја има во изобилство во лубеницата, да се искачи на површината. Ако одлучите да го пробате овој метод, сè што треба да направите е да посолите парче лубеница и да почекате минута или две пред да каснете.
Лубеницата исто така добро се комбинира со сувомеснати производи, а во некои култури, како што е Сирија, се консумира и во комбинација со сирење.