
Една од најпопуларните вежби за рамен стомак се стомачните, а фитнес експертите ја објаснија најчестата грешка што многу луѓе ја прават при зајакнување на стомачните мускули.
Имено, како што истакнуваат, една од најголемите заблуди во врска со фитнесот е дека правењето стомачни секој ден ќе доведе до силно и здраво тело.
Сертифицираниот тренер Алексис Јанучи истакнува дека премногу потпирање на класичните стомачни не е доволно. Тие не ги активираат мускулите на длабокото јадро кои се клучни за стабилноста и функционалноста.
Како што објаснува таа, само затоа што чувствувате дека ви „гори“ стомакот, не значи дека правите нешто ефикасно.
„Стомачните брзо даваат чувство дека правите нешто корисно бидејќи веднаш го чувствувате горењето, но тоа не е индикатор дека го погодувате она што е навистина важно“, рече Јанучи.
Дополнително, таа истакнува дека нема ништо лошо во тоа да сакате дефиниција во вашите стомачни мускули, но важно е да знаете дека вашето јадро не е само вашиот стомак. Вашето јадро го вклучува целиот ваш среден дел.
„Ако ги занемарите овие делови, ризикувате повреда, не само во теретана, туку и додека кревате дете од седиште за автомобил или носите торби од продавница“, објаснува тренерот.
Исто така, тренерката Џејн Вандерворт истакнува дека најголемиот проблем е што луѓето вежбаат премногу брзо. Таа тврди дека е многу покорисно да се прават пет бавни и прецизни повторувања отколку 20 брзи и неконтролирани.
Како што истакнуваат тренерите, најкорисно е да се комбинираат стомачни со други видови вежби како што се планк, ротациони движења, „dead bug“, кои ги таргетираат длабоките мускули.