Рита Ора во мини шорцеви и чизми на 30 степени: Привлече внимание и со натписот на маицата

popara27 јули, 20251min00
b_250727056

Британската пејачка со албанско потекло Рита Ора привлече внимание со необична облека што ја покажа за време на прошетката со својот сопруг во Сен Тропе.

Пејачката прошета во тесни црвени шорцеви, кои беа украсени со метални нитни. Минијатурната облека ја комбинираше со впечатлива жолта маица.

Жолтото парче облека имаше и натпис на кој пишуваше: „Обожавам печурки“.

На оваа веќе необична комбинација додаде и долги црни чизми со потпетици што ѝ стигнуваа до колена.

За да го надополни својот блескав изглед, ѕвездата од хитот „Hot Right Now“ додаде чанта на рамо со зебра принт. Изгледот го заокружи со златни обетки, сребрени нараквици и црни очила за сонце.

Целата комбинација беше доста необична, особено за времето од годината и температурите што надминаа 30 степени во Сен Тропе.

Нејзе ѝ се придружи нејзиниот сопруг со кој е во врска речиси три години, новозеландскиот актер и комичар Таика Ваитити.

Двојката, која се венча во Лос Анџелес и е заедно од 2021 година, следниот месец ја прославува третата годишнина од бракот.

Позната по својот смел изглед, Рита не се плаши да презема ризици кога станува збор за модата.