
Ви треба:
450 г брокула
2 јајца
100 г пармезан
2 чешниња лук
4 лажици брашно
маслиново масло
сол
бибер
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Сварете ја брокулата и исечкајте ја ситно. Измешајте со јајца, рендан пармезан, згмечен лук и брашно. Зачинете со сол и црн пипер. Добро измешајте и соединете ја смесата, а потоа обликувајте плескавици. Печете околу 20 минути во рерна претходно загреана на 180 степени.