
Ќе ви треба:
1 кг целер
100 г кромид
100 г ореви
1 гранче мајчина душица
сол, бел пипер, маслиново масло масло
4 лажици крем за готвење со ниска масленост
Подготовка:
Печете го целерот во рерна околу 2 часа на 180 степени. Исечкајте го кромидот, па пропржете го во маслиново масло. Додадете ги оревите, пропржете уште неколку секунди, додадете го целерот и прелијте со еден литар вода. Гответе околу половина час, потоа додадете ги зачините. Изблендирајте ја смесата со рачен блендер и наросете со сечкани ореви и декорирајте со павлака со ниска масленост.