Во текот на својата посета на Голи Оток, премиерката на Хрватска, Јадранка Косор, најавила дека Голи Оток ќе се стави како опција за развој на хрватската економија, особено туризмот, но со намера да се задржи споменот на тешките времиња во минатото врзани за овој остров.
Како што е познато, за време на Првата светска војна на Голи Оток биле интерниран воени затвореници, а од 1948 година бил затвор за политички затвореници.
Идејата да се направи нешто со Голи оток со години се залагал Мултимедијалениот центар од Ријека, кој на овој остров сакале да направат мултидисциплинарна колонија, еден вид училиште на мирот, екологијата, уметноста и предупредувањата за поранешната цел на овој остров.
Еден од застапниците на арт-туризмот Синиша Лабровиќ, во идејата на Косор повеќе гледа на тематски парк, него на некаква уметничка визија за островот.
Во светот веќе е многу познат ваков модел каде островот се претвара во туристичка атракција и која со сигуност ќе носи пари, што истото би важело и за Хрватска.