
Ќе ви треба:
150 г путер бисквити
200 г излупени праски
130 г маскарпоне сирење
200 г сирење
1 ванилин шеќер
1 голема лажица шеќер во прав
1 кесичка шлаг
За декорација:
парчиња чоколадо
Подготовка:
Издробете ги бисквитите, но така што ќе останат помали парчиња. Наредете ги во чаши. Во сад измешајте го сирењето со шеќерот и шлагот, па добро измешајте. Наредете ги врз бисквитите во чашите. Издробете ги праските, па премачкајте ги со сирењето. Декорирајте со чоколадни трошки. Оставете го тирамисуто во фрижидер неколку часа и послужете.