
Ви треба:
6 ладни јајца
1 лажица путер
сол и бибер, по вкус
1 лажичка павлака (крем фреш)
свежо сечкан власец за декорација
Подготовка:
Скршете ги јајцата во тава и додадете путер. Вклучете на силен оган и веднаш почнете да мешате со шпатула. По 30 секунди пржење, тргнете од оган и продолжете да мешате уште 10 секунди. Потоа вратете на оган и повторете уште 3 до 4 пати, вкупно околу 3 минути. Кон крајот, додадете сол, бибер, павлака и малку свеж власец. Префрлете ja кајганata на чинија и наросете со власец.