
Малкумина можат да одолеат на италијанскиот специјалитет кој го освои целиот свет – пицата. Иако е многу важно кои состојки и во која количина ставате на пицата, едно е поважно, а тоа е тестото.
Сите знаеме дека тестото е всушност најдобриот и најважниот дел од пицата, а за да биде воздушесто, мора да го подготвите со една состојка што сите секогаш ја имаме во фрижидер.
Тоа е јогурт. Со помош на оваа состојка, вашето тесто за пица ќе биде совршено.
Најдобро би било, ако имате време, да го замесите тестото и да го оставите да отстои во фрижидер преку ноќ.
Состојки:
250 мл јогурт
600 г брашно
1 кесичка сув квасец
100 мл масло
50 мл вода
1 лажичка сол
прстофат шеќер
Подготовка:
Истурете го јогуртот во мал сад или тенџере и загрејте го додека не стане млак. Тргнете го садот од шпоретот, потоа истурете го јогуртот во садот заедно со квасецот, шеќерот, водата и една лажица брашно.
Измешајте сè заедно и оставете го квасецот да се активира 15 минути. Покријте го садот со крпа или алуминиумска фолија.
Кога квасецот ќе нарасне, додадете го маслото и солта, измешајте, а потоа додадете го брашното малку по малку.
Месете го тестото така што ќе се одвои од страните на садот.
Обликувајте го тестото во векна и оставете го да отстои во сад, покриен со крпа, половина час.
После тоа, тестото е готово – можете да го развлечете со сукало и да ги наредите состојките за пица.