
Ви треба:
половина од лебот од претходниот ден
300 г бело сирење
500 мл млеко
2 лажици путер или маслиново масло
сол по вкус
Подготовка:
Истурете малку вода во длабоката тава за да го покрие дното, а потоа додадете го млекото, леб искинат на мали парчиња и сирење. Добро измешајте и ставете на шпорет, на средна температура, за да не изгори, и гответе, мешајќи постојано. Потоа додадете 2 лажици маргарин, промешајте и тргнете го тенџерето од оган.