
Верувале или не, она што го кажуваме секој ден има моќ да ни го промени животот – на подобро или на полошо. Психолозите велат дека зборовите што ги повторуваме одново и одново влијаат на нашата потсвест, нашето однесување, па дури и на тоа како се чувствуваме во врска со себе.
Затоа не е сеедно што кажуваме. Ако постојано кукаме, се лутиме и се жалиме, привлекуваме уште повеќе проблеми. А ако избереме позитивни зборови – доаѓаат подобри работи.
Еве 5 зборови што вреди да се кажуваат секој ден – тие можат да привлечат среќа, да ги одвратат проблемите и да ви го подобрат расположението:
Среќа
Започнете го денот велејќи: „Денес имам среќа“ или „Среќата е на моја страна“. Самото кажување на тој збор предизвикува позитивна енергија. Штом ќе проговорите за тоа – како веќе да е присутна.
Љубов
Нема радост без љубов. Сакајте се себеси, луѓето околу вас, природата, животот. Кажете: „Го сакам овој ден“, „Се сакам себеси таков каков што сум“. Љубовта е како бумеранг – кога ќе ја дадете, таа ви се враќа.
Просперитет
Кога верувате дека заслужувате добро, тоа доаѓа. Кажете си: „Мојот живот е полн со просперитет“ или „Јас заслужувам најдобро“. Не плашете се да замислите изобилство – прво во вашиот ум, а потоа ќе дојде во реалноста.
Благодарност
Зборот „благодарам“ има чудотворна моќ. Колку сте поблагодарни за малите нешта, толку повеќе ви дава животот. Кажете „Благодарам за овој ден“, „Благодарам за можностите, луѓето, лекциите“. Благодарноста ги отвора вратите кон среќата.
Надеж
Дури и кога е тешко, не смеете да престанете да се надевате. „Се надевам на најдоброто“, „Верувам дека подобро доаѓа“ – ова се реченици кои помагаат да се одржи верата и силата.