Подгответе го вашиот омилен летен десерт за само 30 минути: Ви го носиме рецептот за највкусната торта од кокос

popara15 август, 20251min00
b_250811083

Кокосот е една од омилените состојки кога станува збор за подготовка на десерти, а доколку ви треба летно освежување, ви го носиме рецептот за највкусната торта од кокос.

Оваа торта е подготвена од основни состојки што многу луѓе веќе ги имаат во својата кујна, а за нејзина подготовка е потребен само половина час.

Потребни состојки:

една чаша јогурт, чаша млеко, чаша масло, чаша кокос, кесичка ванилин шеќер, две чаши шеќер, две чаши брашно и една мала лажица прашок за пециво

За глазурата: 100 грама темно чоколадо и три лажици масло.

Подготовка:

Во голем сад, со шпатула измешајте го јогуртот, млекото и маслото. Додадете го кокосот, ванилиниот шеќер и шеќерот и продолжете да мешате додека не добиете мазна смеса. Потоа постепено додадете го брашното измешано со прашок за пециво.

Префрлете ја смесата во помал калап што претходно сте го намастиле и набрашниле. Печете ја тортата во рерна загреана на 180 степени околу 30 минути, проверувајќи со чепкалка за заби дали е печена.

Подгответе ја глазурата така што ќе го растопите чоколадото со масло на пареа или на тивок оган, а потоа прелијте го врз топлиот колач. Почекајте глазурата да се стегне, а потоа исечете го колачот на порции.

За да го направите глазурата сјајна и рамномерно распоредена, прелијте го колачот додека е сè уште топол, а потоа почекајте чоколадото целосно да се стврдне пред да го исечете колачот.