ПАМУЧЕН КОЛАЧ СО 3 СОСТОЈКИ Веројатно најмекиот десерт на светот, а им се допаѓа на сите!

popara19 август, 20251min00
131638_shutterstock-2060155751-2_f

Ви треба:

3 јајца
120 г бело чоколадо
120 г крем сирење

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени. Растопете го чоколадото на пареа. Одделете ја жолчката од белките и матете ги белките додека не се стврднат. Додадете крем сирење и жолчки во стопеното чоколадо, а потоа полека додадете ги изматените белки. Истурете ја смесата во плех обложен со хартија за печење. Печете 15 минути во рерна претходно загреана на 170 степени, потоа намалете на 160 степени и печете уште 15 минути. По половина час печење, исклучете ја рерната и печете уште 15 минути. Изладете го колачот и наросете го со шеќер во прав.