
Многу луѓе ја прават истата грешка кога варат кафе – го истураат во врела вода. Експертите откриваат зошто ова го уништува вкусот и аромата и која е всушност тајната за совршена шолја од вашиот омилен пијалок.
Британскиот „Дејли меил“ контактираше со неколку експерти кои одговорија на прашања за тоа како да се приготви црно кафе на најидеален начин за да се ужива во пијалокот во целост.
Сите имаме повеќе или помалку слична постапка и вистина е дека многумина, во очекување на магичниот пијалок што ќе ги разбуди, ќе се свртат кон негово приготвување на најбрз можен начин. Професионалното мислење е дека не треба да инвестирате во скапи апарати за кафе, дури и најобичните садови би можеле да ја завршат работата, но затоа изборот на кафе е многу важен.
– Најчестата грешка што ја прават многу луѓе е додавањето кафе штом водата ќе зоврие. А вистината е дека топлата вода ќе го изгори талогот од кафе, па затоа е идеално да се почека половина минута пред да се додаде кафе. Поточно, идеално е да се прелие врела вода врз кафето откако ќе се почека од 30 секунди до една минута – ова е мислењето на експертите, пишува „Дејли меил“.
Исто така, водата од чешма варира од место до место и често е полна со бигор, па затоа е идеално да се користат филтри за нејзино прочистување. Пропорционалната количина на кафе и вода е исто така клучна, а идеално е да се прелива 70 г кафе на литар вода.
Кафето не толерира влага, воздух или други мириси, па затоа треба да се чува во цврсто затворен сад и што е можно подалеку од фрижидерот.