
Многу луѓе посегнуваат по капки за нос за брзо да го решат проблемот со затнат нос, но ако се користат предолго, можат да бидат опасни за кардиоваскуларното здравје.
Иако тие обезбедуваат моментално олеснување, важно е да се знае дека прекумерната и долготрајна употреба на овие препарати може да има сериозни последици за вашето кардиоваскуларно здравје.
Капките за нос, познати како деконгестанти, делуваат така што ги стеснуваат крвните садови во носот, со што се намалува отокот и се олеснува дишењето.
Меѓутоа, кога се користат подолго од препорачаното (обично 3 до 5 дена), активните супстанции од капките можат да влезат во крвотокот и да предизвикаат сличен ефект врз другите крвни садови во телото.
Ова може да доведе до висок крвен притисок и забрзан пулс, што е особено опасно за луѓе кои веќе имаат проблеми со хипертензија или срцеви заболувања.
Дополнително, долготрајната употреба може да предизвика зависност од капки за нос, познато како ефект на „rebound“.
Откако ќе помине почетниот ефект, носната слузница станува уште поотечена, што го наведува корисникот повторно и почесто да ги користи капките, создавајќи маѓепсан круг. Со текот на времето, ова може трајно да ја оштети слузницата и да ги влоши симптомите.
Капките за нос се ефикасно решение за краткорочно олеснување, но не се наменети за долготрајна употреба.
Доколку имате хронични проблеми со назална конгестија, задолжително консултирајте се со лекар. Постојат побезбедни алтернативи кои можат да го решат вашиот проблем на долг рок, без да го ризикуваат вашето срце.