
Она што го јадете влијае не само на вашето здравје, туку и на вашата кожа.
Одредени намирници можат да поттикнат воспаление и да влијаат на хормоните, што доведува до проблеми со порите и акните.
Иако генетиката и начинот на живот исто така играат улога кога станува збор за акните, некои намирници можат дополнително да ја влошат состојбата.
Ако се обидувате да избегнете појава на акни и да ја одржите вашата кожа чиста, дерматолозите кои разговараа со Eat This, Not That! препорачуваат да ги избегнувате следните седум намирници.
Овесно млеко
Иако овесното млеко е популарна замена за млеко, тоа може да предизвика акни кај некои луѓе.
„Овесното млеко има повеќе јаглехидрати и може да придонесе за акни. Јас го видов тоа со свои очи“, вели д-р Каран Лал, директор на детска дерматологија и козметичка хирургија во Аризона.
Протеин од сурутка
Често се наоѓа во шејкови и смутија како додаток на протеини, но може да предизвика проблеми со кожата.
„Висока концентрација на протеин од сурутка е еквивалентно на пиење од шест до 12 литри млеко“, вели д-р Емилија Вуд, дерматолог во Тексас.
Таа објаснува дека причината е ефектот на протеинот од сурутка врз инсулинот.
„Тој го зголемува инсулин-сличниот фактор на раст 1 (IGF-1), што ги зголемува андрогените, естрогенот и пролиферацијата на кератиноцити. Андрогените, како што е тестостеронот, ги поттикнуваат акните. Пролиферацијата на кератиноцити води до комедони (црни и бели точки).“
Храна со висок гликемиски индекс
Тoa вклучувa грицки како колачиња, бомбони, газирани пијалаци, бел ориз, бел леб и бомбони – сите тие се поврзани со акни.
„Оваа храна го зголемува нивото на шеќер во крвта, што предизвикува воспаление и зголемено производство на себум во кожата“, вели д-р Вуд.
Д-р Лал додава дека шеќерот генерално го поттикнува воспалението и може да ги храни бактериите и габите што предизвикуваат акни.
„Избегнувајте рафинирани шеќери и изберете поздрави извори како овошје“, советува тој.
Дополнување со витамини Б6 или Б12
Користењето додатоци со овие витамини е вообичаена практика, но може да ги влоши акните.
„Една теорија е дека витамините Б го менуваат микробиомот на кожата, поточно со влијание врз однесувањето на Propionibacterium acnes (P. acnes), клучна причина за акни“, вели д-р Вуд.
Прекумерниот внес на јод
„Прекумерниот внес на јод може да ги влоши акните. Големи количини на јод се наоѓаат во алгите и додатоците од алги. Тие често се додаваат во смутија за кои се вели дека ги подобруваат состојбите на кожата. Бидете внимателни што пиете – може да ги влоши вашите акни. Иако не е сосема јасно зошто јодот ги влошува акните, се чини дека го поттикнува воспалението и го зголемува производството на себум“, вели д-р Вуд.
Обезмаслено млеко
Иако обезмасленото млеко е подобар избор ако внимавате на внесот на масти, може да предизвика акни. Постојат студии кои покажуваат дека тинејџерите кои пијат обезмаслено млеко имаат повеќе акни.
Некои можни причини:
-Присуството на хормони (андрогени и IGF-1) во млекото кои влијаат на хормоналните флуктуации.
-Протеините во обезмасленото млеко можат да ги влошат акните.
-Обезмасленото млеко го зголемува инсулинот повеќе од полномасното млеко.
-Можна е суплементација со јод во млекото.
„Студиите покажуваат врска помеѓу обезмасленото млеко и акните, веројатно поради неговата поголема содржина на шеќер. Наместо тоа, изберете бадемово млеко или полномасно млеко“, објаснува д-р Лал.
Протеини на база на соја
За веганите, вегетаријанците и секој што користи протеини на база на соја, постои потенцијален ризик.
„Кај некои пациенти, прекумерниот внес на соја може да предизвика акни. Можете да јадете соја – но умерено“, вели д-р Лал.