ЛАДНА КУСКУС САЛАТА: Вистинско освежување во топлите летни денови, здраво и вкусно

popara1 септември, 20251min00
132875_letnji-kus-kus-712175968_f

Ќе ви треба:

150 г кускус
250 мл вода
1 лажичка маслиново масло
10 шери домати
1 пиперка
1 краставица

За дресингот:

3 лажици маслиново масло
2 лажици сок од лимон
1 лажичка шеќер
сол
бибер

Подготовка:

Посолете ја водата и оставете да зоврие, а потоа прелијте го кускусот. Покријте и оставете да отстои пет минути. Додадете маслиново масло, измешајте. Додадете ги шерите исечени на половина, краставицата и пиперката исечена на коцки. Дресинг: Измешајте го маслиновото масло, сокот од лимон, шеќерот, солта и биберот по вкус. Прелијте го дресингот врз кускусот со зеленчук и измешајте. Сервирајте ладен.