
На овогодинешниот Венециски филмски фестивал, актерките Аманда Сејфрид и Џулија Робертс предизвикаа возбуда појавувајќи се во идентични комбинации од модната куќа Версаче – со само 48 часа разлика.
Според PageSix, Џулија Робертс била првата што ја носела комбинацијата, која вклучува темно сина волнена јакна, пругаста кошула и фармерки со рамен крој со златен ремен.
Таа ја носела оваа модна комбинација за време на фотосесијата за филмот „After The Hunt“, во режија на Лука Гвадањино, а тоа го означи и дебито на Дарија Витале како нов уметнички директор на Версаче.

Стилот на Џулија очигледно ѝ се допаднал на Аманда Сејфрид, која коментирала на објавата на нејзината позната колешка на Инстаграм за да ѝ дозволи да ја носи истата облека. Два дена подоцна, Сејфрид се појавила во истата облека на истиот фестивал за да го претстави својот филм „The Testament of Ann Lee“.
Единствената стилска разлика помеѓу двете комбинации беше во обувките: Робертс носеше чевли од Версаче со плетенка од кожа, додека Сејфрид избра сандали со ремени.

Интересно е, сепак, што двете актерки имаат ист стилист – Елизабет Стјуарт, која објави фотографии од своите клиенти на социјалните мрежи со пораката: „Sharing is caring“ и ѝ се заблагодари на Џулија Робертс за нејзината „великодушност и одржливост“.
Патем, стилистката Стјуарт е позната по промовирање на одржлива мода. Друга нејзина клиентка, Кејт Бланшет, неодамна носеше фустан од Армани Прив на истиот фестивал што веќе го носеше на доделувањето на наградите SAG во 2022 година.