
Смрдливките често се вовлекуваат во куќите и становите. Можете да се ослободите од нив со помош на едноставен трик.
Смрдливите бубачки често се наоѓаат на облеката што се суши на балконот, на прозорците, во кујната… Овие инсекти можат да ползат насекаде, но постојат начини да се ослободите од нив или барем да го намалите нивното пристигнување во домот.
Прво и најважно, заштитете ги вашите прозорци и балконски врати. Ако веќе немате инсталирано мрежи, можете да купите евтини мрежи и да ги залепите на рамките на прозорците што често ги отворате.
Исто така, проверете дали немате никакви дупки на прозорецот или вратата, бидејќи смрдливките можат да влезат во куќата низ најмалата дупка.

За да ги спречите да влезат во вашата куќа, користете едноставен трик.
Земете обична жолта хартија и залепете ја на неколку места во куќата. Смрдливките се привлечени од жолтата боја, па затоа ќе се собираат на хартијата.
Наместо со разни отровни спрејови, ослободете се од нив со едноставна мешавина од вода и сапун. Истурете 10-20 мл течен сапун во литар вода и испрскајте ги овие смрдливи инсекти со оваа мешавина.
На тој начин, успешно ќе се ослободите од нив.