
Американскиот пејач и текстописец Конан Греј ги привлече погледите на синоќешните доделувања на Видео музичките награди во Њујорк со својата необична модна изјава.
Додека неговите колеги уметници најчесто се одлучуваа за рискирани облеки или карирани костуми, 26-годишниот Греј се одлучи за фустан и чизми со платформа.
Конан Греј прошета на пистата во фустан од дизајнерот Ерик Шарлот, кој беше инспириран од морнарски стил.

Фустанот се состоеше од јакна со пуфки, корсет со спуштен струк и слоевито здолниште со набрани ленти. Тој го комплетираше изгледот со бели чизми со платформа и соодветна шапка.
Дизајнерот Ерик Шарлот ја искористи популарноста на изгледот на Конан на тепих и објави на социјалните мрежи дека целиот outfit е направен целосно од тексас и тежи приближно 14 килограми.