
Ви треба:
1 кг јаболка
600 г шеќер
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Измијте ги јаболката, отстранете ги семките и исечете ги на коцки. Ставете ги во длабок плех за печење и наросете со шеќер, а потоа промешајте за да се распределат рамномерно. Оставете 15 минути, за да го пуштат сокот јаболката. Печете околу половина час, во рерна претходно загреана на 180 степени, додека не омекнат. Потоа намалете на 150 и печете го џемот уште еден и пол до два часа, мешајќи повремено. На крај, извадете го и исечкајте го со блендер, па истурете го во стерилизирани тегли. Затворете ги и свртете ги теглите наопаку.