Славниот актер конечно ја призна аферата: Поради кратката романса, два брака се распаднаа

popara11 септември, 20252min00
1231072_profimedia-0378664433_m

Познатиот американски актер Џон Малкович (71) јавно за прв пат призна дека имал кратка, но бурна романса со својата колешка Мишел Фајфер, што довело до раскинување на двата нивни брака во 1988 година.

Во тоа време, тој бил во брак со актерката Глен Хедли, додека Мишел Фајфер била во брак со својот колега Питер Хортон.

Хемијата меѓу нив се родила за време на снимањето на филмот „Опасни врски“, каде Малкович го играл заводникот Валмон, а Фајфер строгата госпоѓа де Турвел.

Гостувајќи во подкаст, Малкович призна дека аферата го чинела скапо.

  • Тоа не е тема за која некогаш сум зборувал. На оваа работа, брзо формирате емотивни врски со луѓето, а понекогаш тие прераснуваат во нешто повеќе. Имав врска со Мишел која беше длабока и посебна, но не бев фер. Изгубив одлична колешка – рече актерот, пренесува Дејли Меил.

Иако Мишел никогаш јавно не коментирала за нивната врска, гласините за афера кружат со децении. Дури и режисерот Стивен Фрирс еднаш рекол дека „фикцијата и реалноста се испреплетеле“ за време на снимањето.

Малкович нагласил дека дури подоцна сфатил колку е потребно за да се премине границата помеѓу пријателството и љубовта.

  • Научив дека е потешко да се најде одличен колега од сè друго. Откако таа врска ќе стане повеќе од пријателство, тешко е некогаш да се врати – бил искрен.

Како контрапример, тој го навел своето долгогодишно пријателство со литванската актерка Ингеборга Дапкунаите.

  • Сè уште сум близок пријател и колега со неа, бидејќи никогаш не ја преминавме таа граница – рекол Малкович.

Малкович се разведе од Глен Хедли истата година кога беше објавен филмот „Опасни врски“, а таа почина во 2017 година на 62-годишна возраст.

Денес, актерот живее со италијанската сценографка Николета Пејран, со која има две деца. По нивниот развод во 1990 година, Мишел Фајфер се омажи за телевизискиот продуцент Дејвид Е. Кели, со кого е сè уште во брак и има две деца.