
Ви треба:
700 г пилешко месо
6 чешниња лук
1 лажица маст
3 лажици брашно
1 коцка супа
500 мл вода
1 лажица сол
Состојки:
Сварете бело месото, потоа извадете го на чинија. Додадете ја коцката пилешка супа во врелата вода и кога ќе се раствори, процедете ја за да биде бистра супата. Кога ќе се олади, исечете го белото месо на коцки или тенки ленти. Ставете ја маснотијата во тенџере да се стопи, потоа додадете го сечканиот лук и по една минута додадете го брашното. Мешајте постојано, а кога ќе почне да ја менува бојата, додадете го исецканото месо. Постепено истурете ја супата и варете додека не се згусне, мешајќи постојано. Зачинете со сол и црн пипер, а можете да зачинете и по вкус.