Анџелина Џоли го запали црвениот тепих: Длабокиот шлиц ја разгоре имагинацијата – актерката доминираше (ФОТО)

popara13 септември, 20251min00
Screenshot_22

Актерката блесна во ефектна тоалета, а длабокиот шлиц на фустанот предизвика бројни коментари.

Додека Анџелина Џоли не се појави на црвениот тепих, другите ѕвезди се натпреваруваат кој ќе биде најдобро облечен. Сепак, штом ќе пристигне таа, целата конкуренција бледнее – не само поради нејзиниот беспрекорен стил туку и поради неодоливата харизма.

Нејзиниот моден избор на премиерата на филмот „Couture“ на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто совршено го потврдува тоа.

Фустанот што го носеше е со класичен дизајн, но високиот шлиц кој ја открива целата нога внесува доза на провокативност и смелост во модниот израз. Модното издание на Анџелина Џоли целосно одговара на нејзиниот препознатлив стил. На црвениот тепих, таа приреди вистински моден перформанс, кој фановите веднаш го прославија на социјалните мрежи.