
Со само неколку совети, можете да ѝ ја пружите на вашата коса потребната грижа во текот на есенските денови.
Секоја сезона бара различен третман за косата, ве потсетуваат светските фризери. Во текот на летото, треба да се грижите за заштита на косата од сончевите зраци, а на есен, треба да внимавате на студ, ветер, дожд и магла.
Обојте ја косата во потопла нијанса
Природната боја на вашата коса е посветла во лето под влијание на сончевата светлина, а кога станува постудено, добива потемна нијанса. Фризерите препорачуваат и да ја обоите во медена нијанса бидејќи ќе изгледа посвежо.
Користете покремасти производи
Наместо хидратантните производи што ги користевте досега за да спречите сушење на косата, вашата есенска колекција за нега треба да вклучува креми што ја хранат косата, го стимулираат растот и додаваат волумен.

Негувајте ја косата
Ако претходно не сте ги користеле, тогаш е вистинско време да користите некои масла за коса, како што се арган или маслиново. Се нанесуваат на косата додека е сè уште топла, бидејќи косата ги апсорбира подобро и затоа имаат подобар ефект. Овие масла содржат и супстанции кои дејствуваат директно на корените и го стимулираат растот на косата.
Скратете ги врвовите
Скратувањето на врвовите не мора да биде радикално, но многу е важно да му кажете на вашиот фризер да ги отстрани сите тие „расцветани“ делови од врвовите. По шишањето, вашата коса ќе изгледа погуста, поуредна и помека.