Заборавете на стареењето: Научниците тврдат дека ова има многу подобар ефект врз тоа да изгледате помлади

popara18 септември, 20251min00
975769_shutterstock-2296505347_m

Не е тајна дека патувањето е забавно, но една нова студија покажува дека може да им помогне на луѓето да изгледаат помлади.

Нова студија од австралискиот универзитет „Едит Кован“ тврди дека ентропијата – процесот на бавно и неизбежно распаѓање – може да се забави со патување, објавува CNN.

Според студијата, многу елементи на патувањето – како што се запознавањето нови луѓе, подобар сон, доживувањето нови животни искуства и учеството во активности како јога или спа третмани – помагаат во борбата против стареењето.

Туризмот не е само одмор и рекреација, вели авторот на студијата Фангли Ху. Тој може да придонесе и за физичкото и менталното здравје на луѓето.