
Д-р Каран Раџ стана познат по споделувањето совети и разбивањето митови на TikTok, а една од неговите објави изненади многумина.
Имено, д-р Раџ тврди дека пиењето млеко нема никаква врска со зајакнувањето на коските!
„Поради прекумерната консумација на млеко, возрасните можат да страдаат од надуеност или дијареја, а тоа воопшто не ги зајакнува коските“, рече тој, додавајќи дека, по завршувањето на периодот на доење, лицето повеќе не може толку лесно да ја вари лактозата, а млекото е полно со овој шеќер.
„Дефинитивно нема да ги зајакнете коските, никако. Тоа е лага во која сте верувале целиот свој живот“, рече тој.