
Ќе ви треба:
1 чаша семки од синап
1 чаша јаболков оцет
1 чаша пиво
сол, бибер и лута пиперка по вкус
Подготовка:
Ставете семки од синап во тегла, потоа прелијте ги со пиво и оцет. Затворете ја теглата и оставете ја покриена еден ден. Потоа сомелете го во блендер. Зачинете со сол, црн пипер и лута пиперка. Оставете го сенфот да ферментира неколку дена во фрижидер.