
Ако постите или се држите до одреден режим на исхрана и копнеете по нешто благо, нашиот предлог се посни банана мафини.
Не ви треба брашно или јајца за да го подготвите ова вкусно слатко тесто. Смесата едноставно се прави во блендер за пет минути, а се печат максимум половина час. Путерот од кикирики е скап во продавницата, но можете да го направите дома само со 2 состојки. Можете да го замените млекото со вода.
Подготовка: Измешајте ги овесните снегулки и бадемите во блендер, потоа додадете ги бананите, какаото, прашокот за пециво, медот, млекото и путерот од кикирики. Добро измешајте. Ставете хартиени калапи во калапот за мафини, а потоа истурете ја смесата. По желба, додадете чоколадни трошки и печете во претходно загреана рерна на 180°C околу 30 минути.