
Британската актерка Џоди Тарнер-Смит имаше необично појавување на премиерата на филмот „Tron: Ares“ во Париз. Имено, таа носеше фустан направен од компјутерски делови, мобилни телефони, калкулатори итн.
Станува збор за креација на брендот Schiaparelli и таа оддаде почит на претходно споменатото научно-фантастично кинематографски достигнување кое ја раскажува приказната за дигиталната програма Ares, која беше испратена во реалниот свет на опасна мисија.
Модниот дизајнер Даниел Роузбери првично го претстави овој фустан минатата година како дел од колекција која се занимаваше со темата за прифаќање на вештачката интелигенција и носталгијата за дигиталните уреди од почетокот на 2000-тите, како што се телефоните на преклопување и дигиталните фотоапарати.

„Технологијата со која пораснав е толку застарена што е речиси исто толку тешко да се добие како одредени винтиџ ткаенини и декорации“, рече Роузбери.
Актерката го надополни изгледот со чанта, која исто така беше направена од компјутерски делови, фризура, едноставна шминка и накит.

Заедно со фотографиите од премиерата на филмот, таа напиша: „Матичната плоча пристигна! Ти благодарам, Парис!“. Корисниците на социјалните мрежи се воодушевени од нејзиниот изглед.
„Овој фустан е неверојатен!“, „Многу жени ќе се обидат да го копираат“, „Прекрасен и оригинален“, се некои од коментарите.