
Ви треба:
1 кг пилешки крилца
сол
бибер
2 лажици маслиново масло
3 лажици путер
4 чешниња лук
100 г пармезан
1 лажица магдонос
прстофат сушен оригано
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Исчистете ги крилцата, зачинете ги со сол, бибер и маслиново масло. Потоа наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Печете околу 35 до 40 минути во рерна претходно загреана на 200 степени. Потоа растопете го путерот во тава и испржете го лукот во него. Прелијте го подготвениот сос врз печените крилца. На крај, наросете со пармезан, магдонос и оригано и добро измешајте сè.