РЕЦЕПТ ЗА ПИТА СО ЈАБОЛКА И ОРЕВИ: Едноставна подготовка дури и за почетници во кујната (ВИДЕО)

popara7 октомври, 20251min00
8b3c8807ce5fabe22a6c6e0c1147d9f796fffff0

Ќе ви треба:

тенка готова кора
3 јаболка
цимет
100 г сечкани ореви
1 ванилин шеќер
шеќер по вкус
масло

Подготовка:

Изрендајте ги јаболката, додадете цимет, шеќер по вкус, сечкани ореви, ванилин шеќер и добро измешајте сè.

Раширете ја кората, потоа намастете ја, додадете ја втората кора и намастете ја и додадете неколку рендани јаболка.

Превиткајте за една третина по должина, потоа распоредете една лажица јаболка на превитканата страна и превиткајте повторно, премачкајте со масло и замотајте во ролат.

Распоредете во намастен плех и печете на 200 степени Целзиусови 40 минути. По желба, наросете со шеќер во прав.