
Ќе ви требаат:
250 г солени крекери
125 г путер
270 г павлака
400 г крем сирење
прстофат сол
100 г шунка
прстофат оригано
1 кесичка желатин
50 г сирење
Подготовка:
Во блендер, изблендирајте ги солените крекери и измешајте ги со стопениот путер. Истурете ја смесата во плех обложен со хартија за печење и оставете го во фрижидер да се стегне. Одделно, измешајте го крем сирењето, павлаката, прстофат сол и ситно исечканата шунка. Направете го желатинот според упатствата на кесичката и измешајте го во смесата. Потоа додадете го ренданото сирење и ориганото. Добро измешајте додека смесата не стане хомогена. Потоа прелијте ја врз изладената основа во плехот за печење. Оставете го чизкејкот во фрижидер најмалку 4 часа да се стегне.