
Мандарините се вистинско есенско задоволство – слатки, освежителни, полни со витамини.
Многу луѓе ги сакаат свежи, во сок, а се користат и во колачи. Но, еден мал пропуст може да го расипе уживањето – мандарините лесно се расипуваат.
Како да ги чувате за да останат сочни и миризливи долго време?
Најважно е веднаш по купувањето да ги извадите мандарините од пластичната кеса и да ги распоредите во плитка корпа или картонска кутија за да циркулира воздух меѓу плодовите.
Ако ги оставите цврсто спакувани, топлината и влажноста ќе ги расипат многу брзо – а тоа е најчестата грешка што ја правиме.
За подолго складирање, ставете ги во фрижидер, во фиоката за зеленчук, каде што можат да траат до две недели.
Ќе постигнете уште подобар ефект ако ја избришете секоја мандарина со сува крпа пред да ги редите, бидејќи дури и мала количина на влага го забрзува појавувањето на мувла.
Резултатот?
Сочни, миризливи мандарини кои остануваат свежи подолго отколку што сте навикнати, пишува „Слободна Далмација“.