
Ѕвездата на салатите, но со мали измени за уште подобар вкус. Мимоза со макарони, ќе ги воодушевите сите ваши гости.
Состојки:
300 г макарони
3 компири
200 г шунка
200 г сирење
3 јајца
200 г мајонез
200 г павлака
Подготовка:
Поделете ги сите состојки на три еднакви дела. Ставете го првиот слој макарони на дното од садот, кој претходно сте го посолиле. Врз нив намачкајте рендан варен компир, зачинет по вкус, и додадете малку шунка.
Потоа наредете ги прстените од варени јајца, намачкајте мајонез, додадете павлака и наросете со рендано сирење.
Повторете го процесот уште два пати, а на крај завршете со слој сирење и наросете со рендани јајца за декорација.
Пред сервирање, оставете го јадењето во фрижидер добро да се олади.