
Ново истражување покажа дека повеќе од половина од кучињата не спијат доволно.
Ветеринарот Лин Џејмс предупредува дека недостатокот на сон кај кучињата, како и кај луѓето, влијае на расположението и однесувањето.
- Додека на луѓето им требаат седум до девет часа сон, на кучињата им требаат помеѓу 13 и 16 часа на ден, објаснува Џејмс. Сепак, дури 5,6 милиони кучиња во Велика Британија спијат 12 часа или помалку, што може да предизвика нервоза, ржење, лаење, па дури и агресија.
Студија покажа дека кучињата во поголемите и побучни домаќинства, особено оние со деца, спијат значително помалку. Спротивно на тоа, кучињата во потивки домови со еден или двајца луѓе обично се одмараат доволно.
Експертите советуваат сопствениците да им обезбедат на своите кучиња тивки места за спиење, доволно време за одмор и вежбање. Ако вашето куче покажува знаци на стрес како што се вкочанетост, влечење, одбивање храна или задишување без причина, тоа може да биде сигнал дека му недостасува сон и мир, пишува Dailymail.