Актерката како крвава Џеки Кенеди: Шокираше во морбиден костим за Ноќта на вештерките (ФОТО)

popara1 ноември, 20251min00
1259661_tan2025-10-3107251892-9_m

Актерката Џулија Фокс повторно успеа да ја шокира јавноста, овој пат со својот избор на костим за Ноќта на вештерките.

На забавата на нејзината пријателка Џулија Торес, одржана во четврток вечерта во Њујорк, Џулија Фокс се појави облечена како поранешната прва дама Џеки Кенеди, во реплика на познатиот розов костим извалкан со крв од денот на атентатот врз Џон Ф. Кенеди во 1963 година.

Оригиналниот костим на Џеки Кенеди, кој го носеше во времето на атентатот врз нејзиниот сопруг, никогаш не е исчистен и се чува во Националниот архив на Соединетите Американски Држави од 1964 година, што ѝ дава на потегот на актерката дополнителна морбидна нота.

Лавина од негативни коментари

Откако списанието People објави видео од Џулија Фокс од црвениот тепих на социјалните мрежи, следеше лавина од негативни коментари од шокираната јавност.

  • Вaу. Бев без зборови. Толку несоодветно – напиша еден корисник.
  • Тоа е најневкусното нешто што некогаш сум го видел – додаде друг.

Џулија Фокс е, патем, позната по своите провокативни и честопати бизарни модни избори, кои редовно привлекуваат внимание од медиумите. Овој пат, како што многумина веруваат, таа направи прилично несоодветен потег и ја налути американската јавност.