
Ако не знаете што да јадете за ручек, малите ќофтиња во доматен сос се едноставен и добар оброк. Можете да ги послужите со разни прилози како што се: пире од компири, тестенини, ориз и зеленчук.
Овој рецепт го најдовме на YouTube каналот „Кујна за 10“, каде што можете да најдете одлични предлози за ручек, како и други интересни оброци. Прилагодете ги состојките според вашите потреби.
Состојки:
мелено говедско месо
кромид
јајце
презла
свеж магдонос
масло
брашно
доматно пире
зачини: бибер, сол, сода бикарбона, сув зачин, сладок мелен пипер
Подготовка:
Измешајте го меленото месо со исечканиот кромид и додадете: јајце, бибер, сол, сода бикарбона, сув зачин и сладок пипер. После тоа, додадете ги презлата, магдоносот и една лажица масло и добро измешајте сè.
Формирајте мали топчиња и пржете ги на средна температура, постојано превртувајќи ги. Кога ќе поруменат лесно, додадете две лажици брашно и продолжете со пржење. Додадете половина литар топла вода и две лажици доматно пире и промешајте. Гответе на тивок оган околу половина час и додадете дополнителни зачини на крајот.