
Ви треба:
1л млеко
4 пудинзи од ванила
300 г шеќер
250 г маргарин
200 г мелени бисквити
200 г кокос
200 г мелени ореви
шлаг за декорација
Подготовка:
Сварете ги пудинзите од ванила во литар млеко. Потоа изладете го пудингот и додадете го изматениот маргарин со шеќер. Потоа поделете ја смесата на 3 дела. Во едниот дел додадете кокосово брашно, во вториот мелени ореви, а во третиот мелени бисквити. Прво ставете го филот од бисквити во калапот, потоа кокосот, па оревите. Декорирајте ја тортата со шлаг.