Кифличките ќе бидат помеки ако ја додадете оваа „тајна“ состојка

popara8 ноември, 20251min00
b_251108094

Кифлите се идеални за сите оброци, а ако им додадете една „тајна“ состојка, тие ќе бидат повкусни и помеки. Вашето непце ќе ви биде благодарно за тоа.

Имено, тоа е павлака. Состојките што ви се потребни за да ги подготвите кифлите се: еден килограм брашно, една коцка свеж квасец, едно кесиче прашок за пециво, една лажичка сол, една лажичка шеќер, четири лажици павлака, 500 милилитри млеко, 150 милилитри масло, 130 грама маргарин и две јајца.

Растворете го квасецот во загреаното млеко, додадете шеќер и една лажица брашно и оставете го да отстои десет минути. После тоа, додадете го остатокот од брашното, прашокот за пециво и солта, а потоа постепено додадете го млекото додека мешате. На крај, додадете ја павлаката и маслото.

Замесете го тестото рачно, покријте го со крпа и оставете го да отстои додека не нарасне. Откако ќе нарасне, повторно замесете го, обликувајте го во топка и развлечете го со сукало.

Исечете го тестото на триаголници, премачкајте ги со маргарин, додадете малку сол и наполнете ги со вашите омилени додатоци – сирење, спанаќ или нешто друго. Развлечете ги во ролни и наредете ги на плех обложен со хартија за печење.

Пред печење, оставете ги да отстојат околу петнаесет минути, а потоа премачкајте ги со изматено јајце. По желба наросете ги со сусам. Печете ги во рерна претходно загреана на 200 степени додека не добијат златно-кафеава боја. Уживајте!