
Ви треба:
300 г спанаќ
2 чешниња лук
1 лажица путер
1 лажица брашно
250 мл млеко
сол
бибер
Подготовка:
Загрејте го путерот и додадете ситно сечкан лук и кратко пропржете. Потоа додадете го брашното и мешајте половина минута, додека не се соедини. Додадете го млекото во тенок млаз, мешајќи постојано за да не се направат грутки. Додадете го сечканиот спанаќ и гответе 2 до 3 минути, додека не се згусне. Зачинете со сол и црн пипер.