
Нов „калкулатор за сексуална активност“ пресметува колку калории согорувате во различни сексуални пози.
За почеток, клучот е активностите да се одржуваат на околу 30 минути, бидејќи просечниот сексуален чин трае само околу пет минути, што не е доволно за вистински тренинг. Ако сакате да согорите повеќе калории, позицијата „Butter Churner“ е најдобра, согорувајќи 211 калории за половина час.
Оваа позиција е добра за долниот дел од телото и длабока пенетрација, но бара добра флексибилност и сила.
Следно е сексот во стоечка положба, кој согорува 198 калории за партнерот што дава и 145 за партнерот што прима, но не е баш најдобра за постигнување женски оргазам.
„Doggy style“ е на трето место, согорувајќи 182 калории за партнерот што дава и 103 за оној што прима. Оваа позиција е одлична за вежбање на глутеусите и квадрицепсите, а според истражувањата, доведува до најмногу оргазми кај жените.
Други пози, како „лотос“, исто така овозможуваат солиден тренинг и согоруваат повеќе од 100 калории за 30 минути.
Иако калкулаторот не ја зема предвид предиграта, истражувањата покажуваат дека сите активности пред сексот, како што се оралниот секс и галењето, можат да го зголемат бројот на согорени калории.