НИКОГАШ немојте да ги јадете овие две намирници за појадок – еве ги ПОСЛЕДИЦИТЕ што ги оставаат врз телото

popara21 ноември, 20251min00
676 (3)

Нутриционистите денес играат важна улога кога станува збор за губење на тежината, а сега д-р Џинан Бана ги посочи двете најчести грешки што луѓето ги прават за време на појадокот
Ако мислите дека се храните здраво или сте решиле да започнете диета, но забележувате дека не губите тежина, тогаш дефинитивно правите нешто погрешно. Нутриционистите денес играат важна улога кога станува збор за губење на тежината, а сега д-р Џинан Бана ги посочи двете најчести грешки што луѓето ги прават за време на појадокот.

Водени од теоријата дека тостот и јогуртот се здрава храна што содржи помалку калории од другите оброци, луѓето се соочуваат со фактот дека нивната тежина не се намалува. Напротив, може да се зголеми, ако ги јадете.

ЈОГУРТ

Многу различни видови овошни јогурти што можете да ги најдете во продавницата доаѓаат со големи количини додаден шеќер, а започнувањето на денот на овој начин, без протеини и влакна, може да ги попречи вашите напори за губење на тежината.

„Подобра идеја би било да купите обичен јогурт со висока содржина на протеини и да додадете свежо овошје или незасладено суво овошје. Ако ви треба повеќе сладост, можете да додадете малку мед, што веројатно ќе биде помалку шеќер отколку во пакувањето купено од продавница“, забележува нутриционистката.

ТОСТ

Тостот е одличен за комбинирање со други јадења за појадок, но сам по себе не е заситувачки и има малку протеини и влакна, за разлика од лебот. Ако не јадете храна што е заситувачка, тоа може да доведе до повеќе грицки во текот на утрото и попладнето. Не можете да ослабете на тој начин“, истакнува таа.