
Ким Кардашијан, една од најпознатите личности во светот денес, откри дека го користела своето целосно име Кимберли на почетокот на својата кариера. Во интервју за списанието „Time“, таа се присети на моментот кога решила да го скрати.
Таа рече дека додека ја снимала првата сезона од реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“ во 2007 година, сфатила дека нејзиното целосно име изгледа предолго на екранот. „Отсекогаш сум била Кимберли, сè додека не почнавме да го правиме реалното шоу“, рекла таа во тоа време.
„Кога видов како изгледа на екранот, си помислив: Ова е предолго, луѓето дури и не го изговараат. Затоа го скративме на Ким.“ Таа додаде дека сè уште ѝ е чудно што нејзиното семејство и пријателите од детството сè уште ја викаат само Кимберли.
Работела за Мадона
Патем, Ким откри дека првото работно искуство го стекнала како дете, а тоа било со Мадона. Гостувајќи во „The Graham Norton Show“, таа рече дека како девојче не била само соседка на Мадона, туку и го шетала нејзиното куче.
„Кога имав осум години, го шетав нејзиното куче“, се присети таа.