ПЕЧЕНИ КРУШИ СО ОРЕВИ И ЦИМЕТ: Најслаткиот десерт за студените денови

popara13 декември, 20251min00
143009_shutterstock-1940975164_f

Ви треба:

4 цврсти круши
50 г ореви
2 лажици мед
1 лажичка мелен цимет
2 лажици суво грозје

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Пресечете ги крушите на половина и издлабете ја средината. Потоа ситно исечкајте ги оревите и измешајте ги со мед, суво грозје и цимет. Наполнете ги крушите со подготвената смеса и ставете ги на плех обложен со хартија за печење. Печете ги крушите околу 20 минути во рерна претходно загреана на 180 степени.