
Желбата за слатки понекогаш може да се појави неочекувано, а изборот помеѓу класични слатки и поздрави алтернативи може да влијае на вашето здравје. Прекумерниот внес на шеќер е поврзан со различни здравствени проблеми, од дијабетес и дебелина до воспаление во телото.
Сепак, наместо обични слатки, размислете за храна што ја задоволува вашата желба за слатки, а воедно е хранлива и корисна за телото:
Путер од јаткасти плодови – богат со протеини, здрави масти и магнезиум, кој помага во регулирањето на шеќерот во крвта.
Јаболка – содржи влакна што го забавуваат варењето и го одложуваат чувството на глад, а кверцетинот го намалува воспалението.
Темно чоколадо (70% или повеќе какао) – флаванолите и теоброминот го подобруваат расположението и го опуштаат телото.
Урми – природно слатки и богати со растителни влакна, имаат корисен ефект врз нивото на гликоза и го намалуваат воспалението.
Храната богата со глутамин – месо, јајца, зелка и сушени домати помагаат во регулирањето на шеќерот и контролата на импулсите.
Желбата за слатки може да се појави ненадејно, па затоа е добро секогаш да имате при рака една од овие намирници за да ги задоволите на здрав начин.