Мамо помогни ми, ме јаде мечка!!!

popara19 август, 20111min00
Олга заедно со очувот Игор

Деветнаесетгодишната Олга и нејзиниот очув Игор биле брутално нападнати од една мечка во источен Сибир. Сепак, Олга успеала да се јави кај мајка ѝ. Последните зборови и биле дека повеќе ништо не ја боли и дека многу ја сака.

Избезумената мајка по име Татјана Москаљова, беспомошно слушала како незјината ќерка Олга (19) жива ја јаде мечка заедно со нејзините три мечиња.

–          Мамо, ме јаде мечка! Мамо, ова е страшно! Мамо, помогни ми! – вриштела Олга. Кај мајка ѝ се јавила три пати пред смртта. Во првиот повик, Татјана мислела дека Олга се шегува. Меѓутоа, веднаш потоа ја слушнала мечката како ‘рже и џвака, соопштува Daily Mail.

–          Уште што не умрев од шок – кажува Татјана која за време на повикот не ни знаела дека мечката веќе го убила нејзиниот сопруг, очувот на Олга, Игор Циганенков. Му бил скршен вратот, а черепот смачкан. Олга го видела сето тоа и почнала да бега. Успеала да избега околу 30 метри пред мечката да ја зграпчи за ногата. Додека мечката си „играла“ со неа, Олга успеала да се јави дури три пати. Меѓу повиците Татјана се обидувала да го добие и сопругот на телефон, но тој не се јавувал. Потоа ја повикала полицијата и цела фамилија од селото Термалниј во источен Сибир. Ги преколнувала да побрзаат до реката каде Олга и Игор се вратиле по рибарскиот прибор кој таму го заборавиле.

–          Мамо, мечката се врати со мечињата. Тие ме јадат… – едвај проговорила Олга. Околу еден час по првиот повик, Олга се јавила за последен пат:

–          Мамо, повеќе ништо не ме боли. Прости ми за сè. Многу те сакам – изговорила, најверојатно претчувствувајќи дека смртта е многу близу. Половина час потоа, братот на Игор пристигнал на местото заедно со полицијата. Игор и Олга веќе биле мртви, а мечките се уште ги јаделе. Подоцна биле пратени шест ловџии за да ги убијат мечките.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag