
Ќе ви треба:
500 г мелено месо
половина векна бајат леб
4 јајца
100 мл млеко
1 кромид
200 г сирење
1 лажица мешавина од зачини
масло, сол, црн пипер
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Во загреаното масло во тава испржете го ситно исечканиот кромид. Потоа додадете го меленото месо и зачинете со сол и црн пипер. Потоа исечете го лебот и наредете го во намастен плех. Врз него намачкајте ја смесата со мелено месо и одозгора наредете го остатокот од лебот. Скршете ги јајцата во сад и додадете ја смесата од зачини и изматете сè заедно. Потоа прелијте го млекото и прелијте го врз мусаката. Изрендајте го сирењето врз него. Печете во рерна загреана на 200 степени. Исечете ја мусаката на парчиња.