
Ќе ви треба:
500 г мешано мелено месо
1 кромид
2 чешниња лук
1 јајце
2 лажици презла
сол
бибер
малку магдонос
За белиот сос:
2 лажици путер
2 лажици брашно
500 мл млеко
1 чешне лук
сол
бибер
малку мускатно оревче
Подготовка:
Измешајте го меленото месо, кромидот, лукот, јајцето, презлата, солта, биберот и магдоносот. Обликувајте ги ќофтињата со раце и наредете ги на чинија. Загрејте малку масло во тава на средна температура и пржете од сите страни. Растопете го путерот во тава на средна температура. Додадете го брашното и мешајте додека не добиете мазна смеса. Полека додадете го млекото, мешајќи постојано, додека не се згусне. Зачинете со сол, бибер, потоа додадете го лукот и мускатното оревче. Гответе уште неколку минути. Потоа, вратете ги ќофтињата во тавата со белиот сос и гответе уште неколку минути.